Славески коментира дали е можно Данела да е човек на Груевски
Дај боже да е така, вели претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески за тоа дали скопската градоначалничка Данела Арсовска е човек на екс премиерот, Никола Груевски.
Тој во интервју за „Фокус“ зборува за владеењето на Груевски. За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште го носи товарот на Груевски, тој вели дека не поминало доволно време.
„Мислам дека во добар дел од тој товар партијата е ослободена. Почнувајќи од луѓето, па сè до однесувањето. Сите оние шпекулации дека некој управува од некој центар со партијата не се точни“, додава Славески.
На повеќе седници на Советот на град Скопје имаше тензии и караници меѓу Арсовска и Славески.
Таа дури побара тој да си поднесе неотповиклива оставка.
Во нивните кавги паднаа и зборови како „деспот“ и „тиранин“.
