СЛАВЕЊЕТО МОЖЕ ДА ПОЧЕКА, ЗДРАВЈЕТО-НЕ! Министерот Филипче порача да не се напуштаат домовите по 18 часот
Министерот за
здравство Венко Филипче денеска најавувајќи го стапувањето на сила на
рестриктивните мерки од петок, до 20. јануари упати апел до граѓаните дека
целта на оваа кампања „Празнувај одговорно“ е токму подигнување на свеста за да
се спречи понатамошното ширење на корона вирусот и да не дојде до зголемување
на бројот на новозаразени во јануари кога ќе поминат празниците. Министерот
порача дека славењето може да почека, но здравјето не и дека не смееме
да дозволиме празнувањето да ни се претвори во лош спомен.
Осврнувајќи се на актуелната епиедмиолошка состојба во земјава, тој истакна дека таа е стабилна, но се уште има голем број на заболени и на хоспитализирани пациенти.
-Болниците сеуште се под притисок, но во континуитет има слободни кревети. Веќе цела недела бројот на слободни болнички кревети е константен. Имаме околу 150 слободни кревети во државава. Вчерашната анализа покажува дека РХ-факторот е под 1, односно 0,95, но тоа во исто време е нешто што не треба да не опушта. Се уште има голем број на заболени и не смееме да си дозволиме да се опуштиме, рече Филипче.
На прес-конференцијата уште еднаш ја искористи можноста да апелира граѓаните да не подлегнуваат на ширењето на лажни вести во однос на вакцината, посочувајќи дека таа е навистина безбедна.
-Да не се подлегнува на лажни вести дека вакцините не се безбедни. Вакцината на ковид-19 е безбедна и јасно кажувам дека примарната цел е заштитата на населението, потенцираше Филипче.
А.Б.