Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Славејте како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ“: потресни сведоштва од Маршот на ангелите во Кочани (ВИДЕО)

„Славејте како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ“: потресни сведоштва од Маршот на ангелите во Кочани (ВИДЕО)

Наместо подготовки за роденден и за дочек на Новата година, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска повторно се собраа и побараа правда за прерано згаснатите животи. 

На денешниот марш во Кочани се обратија повеќе роднини на загинатите во пожарот, а меѓу нив беше и Александар Наунов, татко на Надица. Тој истакна дека маршот е посветен на „ангелите“ кои ги загубија животите, а неговото обраќање дојде еден ден пред 28 декември, датумот кога неговата ќерка Надица требаше да го прослави својот 18- ти роденден.  Тој зборуваше за последните моменти поминати со неа.

- Тоа не беа само планови, тоа беше живот што го очекувавме. Но, на 16 март сè згасна“, рече Наунов, додавајќи дека со загубата на ќерката, нивниот дом бил исполнет со тишина која, како што рече, боли повеќе од секој крик.  

Во своето обраќање, таткото на Надица директно ја посочи корупцијата, немарот и институционалните пропусти како причини за трагедијата, нагласувајќи дека неговата ќерка „не заминала по Божја волја“, туку, како што рече, била „земена од систем што требало да штити, а не да убива“.  


Маршот за правда продолжува како симбол на барањето одговорност и вистина за трагедијата во Кочани, а семејствата на загинатите најавуваат дека нема да се откажат од својата борба. 

Свое обраќање имаше и Мита Тасева, мајката на едно од заинатите момчиња, Ди Џеј ЦЕЦЕ, која посочи дека во пресрет на новогодишните празници, кога градовите се китат со светилки и радост, болката на семејствата кои ги изгубија своите најмили во трагичната несреќа во „Пулс“ посилно да одекнува од празничната врева. 

- Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши. Славејте како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ - кажа таа. 

Мајката вели дека знае оти најголемата желба, да ги врати децата барем за една прегратка, е невозможна, па затоа упатува друга молба. 

- Имаме друга желба до него – да пресуди праведно за вашето прерано заминување. Ако ја исполни таа желба, ќе знаеме дека тој е вистинскиот - посочува Тасева. 

Со солзи во очите и со растреперн глас Тасева му порача на синот да направи добра забава за сите ангели горе на небото, исто како што ги забавувал сите на земјата. 


На овој 35ти протестен Марш на ангелите во Кочани се обрати и Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов. 



Слично

Поврзани вести