Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Поповски предвидува нова лоша прогноза за следната недела

Славчо Поповски предвидува нова лоша прогноза за следната недела

Почнувајќи од понеделник па сé до средината на следната седмица територијата на Македонија ќе биде под влијание на силно јужно воздушно струење кои ќе предизвика прилив на многу топол и влажен воздух од југ. 

Поради тоа, во понеделник времето ќе биде променливо облачно и топло со повремени локални врнежи од дожд особено во западните предели каде ќе има услови и за ретки грмежи. Ова е првичната прогноза на стужанецот кој ги предведе поплавите во агвуст, пренесува Макфакс.

Според него во вторник и во среда врнежи од дожд ќе има над целата територија на Македонија. На некои места врнежите ќе бидат обилни и се очекува да наврне големо количетво воден талог (над 60 литри на квадратен метар).

Локално ќе се развива конвективна облачност, којашто ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Поради нееднаквоста на воздушниот притисок, во Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува умерен до засилен на некои места повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, кој ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Температурите поради силното воздушно струење ќе бидат многу високи, невообичени за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени.

Заладување на времето ќе има од среда во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток. Што точно ќе донесе ова заладување останува да го следиме понатамошниот развој на времето. Детали околу заладувањето наскоро.


Слично

Поврзани вести