Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

За време на викендот во Македонија ја очекуваме конечната стабилизација на времето. Што значи дека за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а не се исклучува можноста да има  и сосема мали исклучоси, со ретка појава на сосема краткотраен дожд и ретки грмежи (ништо сериозно).

Во Скопје  и околината очекуваме слично време. Претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, како и со слаб до умерен ветер од променлив  правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Уживајте во пролетното топло и претежно стабилно и суво време за викендот кој доаѓа“, напиша Попоски.


Слично

Поврзани вести