Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски вели дека зимата конечно ќе ја покаже својата сила

Славчо Попоски вели дека зимата конечно ќе ја покаже својата сила

Метеорологот Славчо Попоски вели дека под влијание на изразен влажен бран и циклонска активност од запад, особено оваа вечер и во текот на ноќта насекаде ќе има врнежи од дожд, додека на планините над 1000 м.н.в врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и тоа особено во западните предели.

Локално и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат обилни (над 30 л/м2 воден талог), а можна е и локална појава на грмежи. На планинските места, односно на скијачките центри ќе се формира снежна покривка од над 10 цм, а на повисоките планински места истата ќе биде со висина од над 20 цм.

„Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец ( локално со брзина од над 70 км/час). Во Скопје и околината исто така  се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Утре попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северен, со што од север ќе започне да се спушта значително постуден воздух, па така утре навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда и четврток провејување на снег локално ќе има и на пониските места (градовите)“, вели Попоски. 

Температурите наутро и тоа особено од среда повторно на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, локално и под -5 степени, а на високите планини и до околу -10 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат релативно ниски, особено од среда и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

Слично

Поврзани вести