Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски со детали за третата декада од септември

Славчо Попоски со детали за третата декада од септември

Метеорологот Славчо Попоски дава  детали за тоа каква временска прогноза ќе имаме во третата декада од септември. 

Вели дека новата недела која што ни започна ќе ни донесе температури на воздухот кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и истите ќе бидат повисоки од нормалата дури за речиси 10тина степени.

„Во текот на следната недела времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. И врнежите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината што значи сушниот период и понатаму продолжува а сето ова е како што кажавме поради активниот Атлантик и ураганите во САД“ - рече Попоски. 

Летните температури продолжуваат  и ќе уживаме во убавото време. 

Слично

Поврзани вести