Славчо Попоски прогнозира екстремен и долготраен топлотен бран со температури до 45 степени
Метеорологот Славчо Попоски најави дека се очекува екстремен и долготраен топлотен бран со температури до рекордни 45 степени.
Вели дека топлотниот бран кој е со потекло од југ (северните предели на Африка) и кој ќе ја зафати нашата територија следната седмица би можел да биде за паметење и долготраен.
„Температурите на воздухот од утре па натаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат до рекордни 45 степени“, вели Попоски.
УВ индексот ќе има многу висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10), па затоа граѓаните да бидат крајно внимателни, да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и да пијат што повеќе течности.
