Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски предупредува за многу висок УВ индекс

Славчо Попоски предупредува за многу висок УВ индекс

Во следните денови иако без некои екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот релативно од 27 до 35, 36 степени сепак екстремна вредност ќе има УВ индексот кој ќе се искачи дури до 11 што е речиси највисока вредност и е многу опасна за кожата на човекот, опоменува метеорологот Славчо Попоски. 

Затоа споделува три важни совети како да се заштитите.  Во периодот од 10 до 18 часот да се избегнува директен претстој на силното ултра виолетово зрачење, најзадолжително е ова за старите и изнемоштени лица додека младите доколку излегуваат и движат задолжително со себе да си понесат заштитна опрена односно капа и наочари за сонце. Да се избегнува тешката храна исполнета со мрснотии односно храната направена на скара и сите видови на месо.  Да се пие повеќе течности и штѕо повеќе да се јаде зеленчук и овошје. Времето следните денови инаку ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност додека на планинските места има услови за сосема локален и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Од вторник ќе има нешто повеќе облаци и локална нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Слично

Поврзани вести