Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски предупредува: Не ги оставајте автомобилите под дрвја, ќе дува ветер со брзина над 80 километри на час

Славчо Попоски предупредува: Не ги оставајте автомобилите под дрвја, ќе дува ветер со брзина над 80 километри на час

Метерологот Славчо Попоски предупредува од утре граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не ги оставаат своите автомобили под дрвја, поради силниот ветер од јужен правец кој се очекува да дува низ Македонија. Ветерот на некои места ќе достигнува брзина од дури над 80 км/час.

Вели дека сево ова е поради моќиот циклонски систем кој ќе биде со центар над Џеновскиот залив и истиот ќе влијае на времето кај нас во Македонија, но и во регионот.

„Од утре па натаму следува и период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат поинтензивни. Локално ќе има развој и на нестабилна облачност, проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. Локално овие процеси би можеле да бидат застапени и во форма на невреме.  За време на викендот пак на планинските места на запад ќе има услови и за врнежи од снег.  Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 20 степени“, вели Попоски. 

Попоски додава дека од денес па во следните денови поради изразеното југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се шири прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.

Слично

Поврзани вести