Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски предупредува дека повторно ќе имаме невреме

Славчо Попоски предупредува дека повторно ќе имаме невреме

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека повторно ќе имаме невреме. 

Вели дека денес попладне и навечер повторно се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за локална појава на невреме. Температурите ќе бидат во интервалот од 31 до 37 степени.

„Попладне и кон крајот на денов, особено долж Повардарието ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, што ќе биде најава за спуштање на посвежа воздушна маса од север. Потоа утре ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат пониски за неколку степени и ќе се искачат во интервалот од 28 до 35 степени. Локална нестабилност во попладневните часови ќе има и во петок, особено во јужната половина од државава, додека во сабота на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Стабилизирање на времето ќе има од недела. Температурите до сабота ќе се искачат во интервалот од 28 до 35 степени, додека од недела ќе бидат уште малку повисоки“, додава Попоски. 

Во Скопскиот регион,  има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во сабота, кога има услови за локално невреме во делови од котлината. Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 35 степени. При невреме, граѓаните да бидат внимателни, и автомобилите да не ги паркираат покрај дрвја. 

Слично

Поврзани вести