Славчо Попоски објави прогноза за тоа какво време се очекува идната недела
Метеорологот Славчо Попоски објави прогноза за идната недела. Ќе имаме постепено зголемување на температурите.
Вели дека во Македонија и тоа под влијание на Антициклон, времето и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност.
„Исклучок ќе биде само недела кога ќе има повеќе облачност и локално провејување на снег, особено на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет. Наутро температурите остануваа многу ниски, а некаде и тоа особено во Малешевијата и на високите планини на северозапад ќе се спуштаат под -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени. Понатамошен пораст на температурите и стабилно време ќе имаме и во текот на следната седмица со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени и истите ќе бидат натпросечно високи, додека наутро и понатаму ќе имаме негативни температури во поголем дел од Македонија“, вели Попоски.
Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено и тоа во недела ќе засилува на интензитет. Во недела исто така ќе има повеќе облачност и на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Температурите наутро ќе се спуштаат до околу -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.
