Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме за Нова година

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме за Нова година

Метеорологот Славчо Попоски вели дека во новата седмица која што ни претстои ни следува период на стабилно и суво време, со многу повеќе сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

„Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата и тоа поради разведрувањето кое се очекува. Минималните температури во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните температури исто така ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени“, вели Попоски. 

Додава дека за време на новогодишната ноќ  не се очекуваат врнежи од снег, а ќе биде и натпросечно топло. 

Слично

Поврзани вести