Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме оваа седмица

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме оваа седмица

Метеорологот Славчо Попоски објави какво време ќе имаме оваа седмица. 

Ќе можеме да уживаме во топло време. 

„Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ, во Македонија во текот на оваа седмица времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Зголемување на облачноста ќе има од четврток кога ќе започне да дува ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени додека максималните дневни ќе бидат значително повисоки од просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели овие денови температурите се очекува да се искачат дури до 23 степени. Токму поради ова на планините и на скијачките центри ќе продолжи топењето на снежната покривка. Во Скопје и околината продолжува периодот на суво и невообичаено топло време за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 4 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени“, вели Попоски. 

Ако продолжи ваквото време, оваа година многу побрзо ќе започне будењето на природата кај нас.

Слично

Поврзани вести