Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме на стартот на 2023 година

Славчо Попоски објави какво време ќе имаме на стартот на 2023 година

Meтерологот Славчо Попоски најавува вистински пролетни температури за нова година, особено на повисоките места и на планините, додека по котлините и речните долини ќе има појава на густа малга и на значителна ниска облачност. Ќе биде и тивко.

Освен на пониските места (градовите), снег оваа нова година нема да има и на Скијачките центри.

„Врнежи и поголемо заладување не се очекува и во првата седмица од новата 2023 година. Сепак во ноќните и во утринските часови температурите ќе се спуштаат до околу, па и за неколку степени под нулата.  Максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи (пролетни) температури и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, само на местата со магла и со ниска облачност истите ќе останат пониски“, вели Попоски. 

Додава дека со оглед на тоа дека за време на новогодишната ноќ се очекува магла и ниска облачност на повеќе места, а истата ќе се задржи и во првите денови од новата 2023 година, ги советува возачите да бидат крајно внимателни.

Слично

Поврзани вести