Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува вистинско пролетно време

Славчо Попоски најавува вистинско пролетно време

Метеорологот Славчо Попоски најавува вистинско пролетно време од петок. Ќе имаме температури околу 20 степени. 

Под влијание на висок воздушен притисок, до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и претежно сончево. Ќе биде и потопло со повисоки минимални и максимални температури на воздухот.

„Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Уште повисоки температури преку ден (ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА) се очекуваат во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 19 степени. Истите ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе условат забрзано ТОПЕЊЕ на снежната покривка на планините и на Скијачките центри“, вели Попоски. 

Во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 16 степени, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.

Слично

Поврзани вести