Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува топло време, но и промена од недела

Славчо Попоски најавува топло време, но и промена од недела

Метеорологот Славчо Попоски вели дека од денес, па до петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес и тоа особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро овие денови ќе биде значително посвежо со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат дури и под 5 степени.

„Максималните пак и тоа од среда, а особено од четврток до сабота ќе бидат високи и натпросекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури и над 35 степени. Промена на времето, врнежи и позначително заладување ќе има за време на викендот, односно од недела. Детална анализа околу ова следува овие денови“, вели Попоски. 

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека до сабота истите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст.

Слично

Поврзани вести