Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува температури и до минус 15 степени

Славчо Попоски најавува температури и до минус 15 степени

Метеорологот Славчо Попоски за деновиве најавува температури и до минус 15 степени. 

Вели дека во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и невообичаено студено за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

„Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -15 степени. Максималните пак исто така ќе бидат многу нсики ќе се искачуваат во интервалот само од -3 до 6 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има услови и за провејување на снег“, вели Попоски.  

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, а максималните ќе бидат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.

Слично

Поврзани вести