Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува студен бран, дожд и снег

Славчо Попоски најавува студен бран, дожд и снег

Meтеорологот Славчо Попоски најавува промена на времето. 

Вели дека утре полека облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. И во Скопскиот регион утре полека облачноста ќе се зголемува, додека максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

„Веќе во недела, како и во почетокот од следната недела под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни и на повисоките како и на планинските места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе опаднат дури за повеќе од десет степени и од недела па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, со што ќе има појава на мраз“, вели Попоски. 

Вели дека за време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Исто така, локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 л/м2) и тоа особено во јужните, југоисточните како и во западните предели.

Слично

Поврзани вести