Славчо Попоски најавува поројни дождови за празничниот викенд
Метеорологот Славчо Попоски најавува поројни дождови за наредните денови.
Во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.
„Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени“, вели Попоски.
Тој додава дека во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд, времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се намалат, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се движат во интервалот од 15 до 21 степен.
