Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува обилни врнежи од дожд

Славчо Попоски најавува обилни врнежи од дожд

Метеорологот Славчо Попоски најавува поинтензивни врнежи од дожд во Македонија. 

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. 

„Температурите остануваат пролетни и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени. Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите поинтензивни ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в)“, вели Попоски. 

Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.

Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и пролетно топло време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.

Слично

Поврзани вести