Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува ново невреме и поплави

Славчо Попоски најавува ново невреме и поплави

Метеорологот Славчо Попоски најавува невреме и поплави. 

Вели дека под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од југоисток, како и на циклонска активност, вечерва, како и во следните десттина денови времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натака.

„Поради зголемената енергија во атмосферата, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Локално во следните десеттина денови се очекува да наврне големо количество на воден талог (над 60-70 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални поројни поплави, па затоа апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи во случај на појава на невреме“, вели Попоски. 

Во Скопје и околината исто така во следните десттина денови ќе има честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и појава на невреме во делови од котлината.

Температурите во следните денови нема да се менуваат и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 30 степени.

За стабилно, суво и многу потопло време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме.

Слично

Поврзани вести