Славчо Попоски најавува ново невреме
Метеорологот Славчо Попоски вели дека продолжува периодот на нестабилно време во Македонија.
Сепак во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Денес услови за нестабилност ќе има во западните предели. Во почетокот од следната седмица повторно на многу места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално за време на овој период повторно ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови нови локални поплавувања и штети, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост, и ги советуваме надлежните да бидат подготвени“, вели Попоски.
Температурите овие денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
