Славчо Попоски најавува невреме со пороен дожд и град
Во следните денови и тоа под влијание на многу топла воздушна маса од Африка, времето во Македонија ќе се задржи многу топло и сончево со мала локална облачност.
Метеорологот Славчо Попоски вели дека сепак во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а Ув – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината исто така ќе се задржи многу топло и сончево, додека во попладневните часови повремено ќе има услови за локална нестабилност“, вели Попоски.
Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.
