Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува невреме

Славчо Попоски најавува невреме

Meтеорологот Славчо Попоски најавува невреме. 

Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. 

„Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Во случај на појава на невреме, препорачуваме крајна претпазливост. И во деновите по четврток во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер“, вели Попоски. 

Во Скопје и околината исто така е можна појава на локално невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Температурите во следните денови ќе се искачат до близу 40 степени.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести