Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува невреме

Славчо Попоски најавува невреме

Метеорологот Славчо Попоски по топлотниот бран  најавува невреме. 

Утре ќе имаме топло време, по што се очекува промена на времето. 

„Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени. Меѓутоа од попладневните часови, па во текот на ноќта кон петок и во петок времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови процесите да бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен, до олуен ветер, силен електрични празнења и со појава на град. Максималните температури во петок и во сабота ќе бидат пониски за околу 5 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст а времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Услови за нестабилност, проследена со пороен дд, силен ветер и грмежи утре попладне и навечер, како и во петок ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст“, вели Попоски.

При  појава на елкектрични празнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Во случај на силен ветер граѓаните да бидат внимателни и да не излегуваат на отворено.

Слично

Поврзани вести