Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува дожд и снег кој би можел да создаде проблеми

Славчо Попоски најавува дожд и снег кој би можел да создаде проблеми

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во сабота и тоа особено кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува, и под влијание на нов влажен и студен бран од запад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег. 

„Врнежите ќе продолжат и во недела и локално ќе бидат поинтензивни. Особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. За време на викендот исто така ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Повторно позначително опаѓање на температурите ќе има од недела и тогаш максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени. И во Скопскиот регион утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност, додека особено во сабота и тоа кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и во текто на доцните вечерни часови и во текот на ноќта кон недела, како и во недела ќе има нови врнежи од дожд, додека на околните планини ќе растат условите за врнежи од снег. Помали услови за врнежи од дожд и снег повремено ќе има и во делови од Скопската котлина. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени“, вели Попоски. 

Додава дека влажниот и студен воздушен бран кој доаѓа за време на претстојниот викенд, ќе создаде услови за формирање на снежна покривка и на некои пониски места низ државава (и тоа со висина од 5 до 20 сантиметри), особено во западните, југозападните и во северните предели. На планинските места истата значително ќе се зголеми како што и најавивме претходно. Таму каде што снегот ќе биде влажен и тежок би можел да создава и проблеми.

Слично

Поврзани вести