Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најавува дека антициклон ќе ја зафати земјава

Славчо Попоски најавува  дека антициклон ќе ја зафати земјава

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека антициклон ќе се прошири над нашите краишта во текот на следната недела, кога станува збор за антициклон станува збор за тоа дека нашата територија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса која ќе условува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

„Но, и покрај ова ќе дува умерен, локално и повремено засилен ветер од северен правец но сепак и натаму ќе владеат летните температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Уживајте во прекрасното време кое нè очекува во текот на следната недела и покрај тоа што овој викенд ќе имаме преодна кратка дестабилизација на времето со локални врнежи од дожд и грмежи“- вели Попоски. 

И понатаму граѓаните ќе имаат време за на плажа. 

Слично

Поврзани вести