Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најави кога ќе имаме мало освежување

Славчо Попоски најави кога ќе имаме мало освежување

Метеорологот Славчо Попоски вели дека големиот топлотен Африкански бран кај нас во следниот период ќе го достигне својот максимум, по што следува освежување на времето и пад на температурите на воздухот, како и северен ветер.

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, но ќе дува ветер од западен правец и истиот во деновите пред нас повремено ќе биде засилен на интензитет. 

„Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10), па затоа на граѓаните им препорачуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности. Температурите кај нас понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43, 44 степени, додека во понеделник и во вторник во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие може да се искачат дури до, па и над 45 степени. Преку ноќ температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека ноќите ќе бидат “Тропски”. Во Скопје  и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени“, вели Попоски. 

Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е тие да се искачат дури до околу 60 степени.

Барем според моменталните анализи, Попоски вели дека освежување на времето и пад на температурите очекуваме од ноќта среда кон четврток.

Слично

Поврзани вести