Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најави какво време ќе има во следните десетина дена

Славчо Попоски најави какво време ќе има во следните десетина дена

Meтеорологот Славчо Попоски најави дека следните денови ќе имаме доста топло време. 

Нашата територија и понатаму во следните седум до десет денови ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса. 

„Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.  Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Денес ќе биде најтопло со невообичаено високи температури на воздухот за овој период од година кој ќе се искачуваат во интервалот дури од 24 до 29 степени. Од утре пак температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање и до сабота истите ќе опаднат за околу 5 степени во споредба со денешните и тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени. Наутро пак температурите понекаде и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат до околу 0 степени, што значи дека ќе биде постудено во утринските часови“, вели Попоски. 

Во Скопје продолжува стабилното и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 23 степени.

Слично

Поврзани вести