Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најави дека ќе имаме „температурна инверзија”

Славчо Попоски најави дека ќе имаме „температурна инверзија”

Метеорологот Славчо Попоски вели дека во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност, а ќе биде и тивко.

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кои се наоѓаат Долж Повардарието ќе има појава на густа магла и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде значително загаден.

„Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат невообичаено високи и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени. Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде пониска, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде многу загаден. Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата“, вели Попоски. 

Објаснува дека во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот „температурна инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.

Слично

Поврзани вести