Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски најави дека циклон ќе ја зафати Македонија

Славчо Попоски најави дека циклон ќе ја зафати Македонија

Метеорологот Славчо Попоски најави дека циклон ќе ја зафати Македонија. 

Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот залив и на серија на влажни воздушни бранови, до самиот крај на оваа седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 70 л/м2), со што е можна појава на локални поплавувања.

„Особено во четврток локално ќе биде нестабило со интензивен пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Локално овие процеси би можело да бидат застапени во форма на невреме. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (над 80 км/час). На високите планини и тоа особено на северозапад ќе има врнежи од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка“, вели Попоски. 

Температурите овие денови насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.

Поради силниот ветер потребна е голема внимателност.

Големо заладување на времето и врнежи од снег и на пониските места (градови) се очекува за време на викендот. На планините тогаш снежната покривка ќе надминува 50 цм, а снежна покривка ќе се формира понекаде и во градовите.

Слично

Поврзани вести