Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Ќе имаме температури дури и за десет степени повисоки од нормалните

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Ќе имаме температури дури и за десет степени повисоки од нормалните

Метеорологот Славчо Попоски вели дека најновите анализи на времето кои што ги направат повторно укажуваат на тоа дека веќе од денеска па во следните неколку денови потоа територијата на нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, сува и невообичаено топла воздушна маса која веќе продира од јужните географски широчини.

„Истата ќе услови стабилно, суво, сончево време без врнежи. Само оваа ноќ и утре претпладне ќе има нешто повеќе облаци. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец кој Долж Повардарието и на југоисток ќе се засилува по интензитет.  Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат на многу места до, а некаде и над 10-от степен додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до 17, 18 степени“ - вели Попоски. 

Според него, се очекува вистинска пролет во Македонија. 

Слично

Поврзани вести