Економија, финансии, бизнис

Контакт

Славчо Попоски даде детали за тоа какво време ќе имаме следните денови

Славчо Попоски даде детали за тоа какво време ќе имаме следните денови

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. 

По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски.

„Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат натпросечно високи, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени“, вели Попсоки. 

Најавува дека за Нова година нема да имаме снег. 

Слично

Поврзани вести