Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛАБ ОДЗИВ: Колку Бугари гласаа во Македонија?

СЛАБ ОДЗИВ: Колку Бугари гласаа во Македонија?

Мал број Бугари гласаа во земјава за изборите во соседна Бугарија. 

Само 327 Бугари гласале во државава. Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари.  Правото на глас во странство го искористиле 146.952 бугарски државјани. 

„Труд њуз“ објави дека бугарските граѓани имаа можност да гласаат во вкупно 719 избирачки места во 57 држави. Најголем дел од нив се во Европа. 

Во Бурса во Турција гласале 14.745, а во Истанбул 13.336 избирачи. Во регионот на Едрене гласале 10.734 луѓе, објави БНР.

ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на изборите кои вчера се одржаа во Бугарија, но дали и со кога ќе формира влада останува неизвесно. Партијата освои 26.4 отсто од гласовите што според пресметките ќе им донесе 63 пратеници. 

Слично

Поврзани вести