Економија, финансии, бизнис

Контакт

Слаб интерес за пописот кај дијаспората, се регистрираат само по десетина на ден

Слаб интерес за пописот кај дијаспората, се регистрираат само по десетина на ден

Ако во март се регистрираа илјадници иселеници дневно, сега 100 дена по почетокот на регистрацијата во дијаспора имаме само 10 регистрации во еден ден. Ова го изјави заменик директорот на Заводот за статистика, Илми Селами за ТВ21.

„Природно е што започна како спринт и сега процесот се претвори во маратон. Во текот на летните месеци очекувавме да се намали интензитетот и сега имаме само 10 пријави на ден. Имавме денови кога имавме уште помалку “, рече Илми Селами - заменик директор на Заводот за статистика.

До вчера регистрирани се 190.177 иселеници во дијаспората, додека оние од Швајцарија продолжуваат да бидат најзаинтересирани за саморегистрација.

„Бидејќи сме во пресрет на локалните избори очекувам дека темата за регистрација ќе биде исполитизирана и ова нема да биде добро за здравјето на процесот на регистрација“, рече Селами.

Тој упати повик до иселениците да не го чекаат последниот ден. Да ја искористат можноста да се регистрираат што е можно побрзо.Процесот на регистрација на дијаспората ќе продолжи до 30-ти септември.


Слично

Поврзани вести