Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скулптури, кочии и уште барок на плоштад – продадена локацијата за „Шпанските скали“

Скулптури, кочии и уште барок на плоштад – продадена локацијата за „Шпанските скали“
Ќе се градат шпанските скали среде плоштадот Македонија. Земјиштето за објектот денеска го купи компанијата „Амадеус Девелопмент“ која ќе ги прави скалите. Земјиштето е продадено за 1500 евра квадрат, односно фирмата ќе плати околу 1,6 милиони евра за  1046 квадрати во центарот на Скопје каде над скалите, ќе никне комерцијален објект во барокен стил. Аукцијата почна со цена од 100 евра по квадрат, а наддавале уште две фирми пријавени на повикот. Станува збор за „Кам“ - ДООЕЛ од Скопје и бугарската компанија „Инфра инженеринг“ . Според планот, зградата ќе се гради 6 години, висока ќе биде 16 метри со приземје и три ката. Во меѓувреме, од  „Амадеус Девелопмент“ имаат обврска во рок од 9 месеци да обезбедат градежна дозвола за зградата . Проектот за зградата треба да биде изработен во согласност со идејното решение за фасадно обликување на објектот и да се изгради и предаде во употреба најдоцна за 6 години. Зад компанијата што ќе ги гради „скалите“ стои албанската фирма „Амадеус груп“ која пред две години работеше со седиште во близина на Момин Поток во Скопје, но потоа се повлече оттаму. Покрај скалите, од двете страни на главниот влез ќе има две кочии со коњи и дваесетина скулптури околу целиот објект. Сега се чека фирмата да ја уплати банкарската гаранција од 100 илјади евра во рок од 15 дена.
Слично

Поврзани вести