Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКРШИЛ СТАКЛО НА ВОЗИЛО НА МЕПСО И УКРАЛ ЛАПТОП - кривична пријава за скопјанец

СКРШИЛ СТАКЛО НА ВОЗИЛО НА МЕПСО И УКРАЛ ЛАПТОП - кривична пријава за скопјанец

Скопјанец украл лаптоп и други предмети од возило на МЕПСО, вредени над 1.000 евра, по што бил фатен и против него е поднесена кривична пријава. 

„Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 24.11.2019  на паркинг простор  на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото“, се вели во соопштението на МВР.

Слично

Поврзани вести