СКРОМНАТА АТИЏЕ СО МОЌНА ПОРАКА: Како што споделувам јас со пчелите, така и луѓето да споделуваат меѓусебе
Нема разочарување по недобиениот оскар. Тимот на „Медена земја“ секако е победник. На светот му ја испратиja најмоќната порака и покажаа што знаат и умеат.
Испратија порака до светот во време кога навистина е повеќе од потребно. Ништо друго не е важно во моментов.
Главната протагонистика Атиџе Муратова по завршената церемонија, испрати само една порака, како што таа споделува со нејзините пчели, така и луѓето да споделуваат едни со други.
‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други, рече Атиџе .
Да потсетиме дека „Медена земја“ не успеа да се запише во историјата и да добие Оскар и покрај сите позитивни пораки испратени од знајни и незнајни личности.
Во категоријата документарен филм Оскарот го доби „Американска фабрика“, а за најдобар интернационален филм беше прогласен јужнокорејскиот „Паразит“ кој освои вкупно четири златни статуетки.
Како и да е, успеавте да не направите горди. Браво!
