Скривниците во Скопје се користат за одгледување на печурки
Од 100 скривници во Скопје, функционираат само 4, велат информациите на Телма во денешниот прилог на вестите. Некои се користат како магацини, а некои и за одгледување на печурки.
- Има ќебиња, чизми, функционално е ротационото светло, има скривници низ цела Македонија. Една скривница може да прими 1.000 души, изјави магационерот од Управата за заштита и спасување.
Од дирекцијата одговориле дека во изминатиот период се реновирани скривници во Аеродром, Велес и Гази Баба.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче ангелов, пак смета дека Македонија нема никогаш да биде нападната.
- Македонските граѓани не треба да бидат загрижени, Македонија нема никој да ја нападне. Никој нема да се дрзне да влезе во војна со НАТО, тогаш ниту една скривница нема да ни помогне, изјави Ангелов.
„Телма“ информира дека дури и на интернет страниците имало понуди за продажба на простор од скривници по 3 евра од квадрат.
