Скоро 8000 работници им заминале во Словенија и Германија
Во првите шест месеци од 2018 година од БиХ во Словенија се вработиле 7.010 луѓе, а во Германија заминале 607 луѓе, сите од медицинска струка.
За Словенија заминале возачи, заварувачи, ѕидари и градежни работници. Во Германија сите работници кои заминале се со средно стручно образование.
Ако се спореди со лани кога за цела година се издадени 10.000 работни дозволи, оваа година ќе има уште поголем одлив на работници затоа што за седум и пол месеци се издадени 7.617 работни дозволи.
Ако оваа пракса продолжи, и ако си заминуваат млади и работоспособни луѓе, тогаш БиХ ќе биде земја на старци.
Во таков случај БиХ ќе мора да обезбеди работници од надвор, а најважни сектори се здравството и стопанството.
Слично
