Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скоро 75.000 луѓе во Македонија се изборија со коронавирусот

Скоро 75.000 луѓе во Македонија се изборија со коронавирусот

Скоро 75.000 луѓе во Македонија се изборија со коронавирусот, откако почна епидемијата. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.463, а бројката на оздравени пациенти е 74.800.  Починати се 2.739 луѓе, а бројот на активни случаи е 11.924. Скопје има  7.027 активни случаи на коронавирусот. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4,  Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.

Слично

Поврзани вести