СКОРО 700.000 РЕВАКЦИНИРАНИ ГРАЃАНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Вчера се аплицирани повеќе од 12.000 вакцини против ковид
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ
државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во
државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале
12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а
ревакцинирани се 690.806 граѓани,
информираат од Министерството за здравство.
Посочуваат дека со последните бројки, 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
-Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
