Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОРО 1.000 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА ЕДЕН ДЕН, дури 30 возачи ја надминале брзината за 70 километри на час

СКОРО 1.000 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА ЕДЕН ДЕН, дури 30 возачи ја надминале брзината за 70 километри на час

Во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) Министерството за внатрешни работи казнило скоро 1.000 возачи поради наминување на пропишаната дозволена брзина на возење. 

Како што соопштуваат од МВР, во текот на вчерашниот ден била спроведена засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи. 

- Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место - посочуваат од МВР.

Од Министерството укажуваат оти со засилени акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - се потенцира во нивното соопштение.

Слично

Поврзани вести