„СКОПСКО ГРУП“ ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА ПОЗЦИЈА ВО „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - со новите акции поседуваат над 6 отсто од вкупниот број
Компанијата „Скопско груп“ Кавадарци се стекна со нов сет на акции од компанијата „Аутомакедонија“ АД Скопје.
Со новите над 700 купени акции, сега „Скопско груп“ поседува над 6 проценти од вкупниот број на издадени акции на Аутомакедонија.
За измените компанијата известува согласно Правилата за котација преку Македонска берза.
- Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје објавува
Акционер со над 5% односно компанијата СКОПСКО ГРУП дооел Кавадарци кое е поврзано лице со Милан Ивановски – Член на Управниот одбор на АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје се стекна со 756 нови акции, со што поседува вкупно 5.224 или 6,33 отсто од вкупниот број на акции - се посочува во објавата.
Инаку компанијата „Скопско Груп“ е всушност во сопственост на Милан Ивановски, кој важи за еден од најголемите акционери во Аутомакедонија. Ивановски некогаш поседуваше дури 17,99 отсто од акциите на Аутомакедонија, но подоцна продаде дел од акциите.
Меѓу лицата со најголем уддел во акциите на Аутомакедонија се Иванка Мојсова, Милан Ивановски и трите деца за бизнисменот Светозар Јаневски, односно Кирило, Драгана и Јане.
Инаку во Управниот одбор на Аутомакедонија покрај Ивановски се и Јане Јаневски, кој е и Претседател на УО, а воедно е и син на Светозар Јаневски.
Член на УО на Аутомакедонија а воедно и Генерален директор е Игор Илиевски.
Трет член како и Ивановски е Кастриот Арифи.
