Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопските улици полни со млади, се маршира за подобро образование

Скопските улици полни со млади, се маршира за подобро образование

Како што беше најавено денешниот мирен протест на средношколците кои добија поддршка од студентите, наставниците , професорите и бројни родители започна.

Неколку илјади ученици со транспаренти во рацете „Не си го реформирај образованието министре“, „Полесно се добива стипендија во странство отколку одговор од МОН“ , „Стоп за лошите реформи“, „Експерименти се прават во лабораторија а не врз ученици“, „А кој не праша нас“ се собраа на збирното место пред Фонтаната во градски парк од каде точно напладне го означија стартот на Третиот голем средношколски марш .

Од градскиот парк се упатуваат кон Влада каде им се придружуваат студентите и на крај ќе стигнат пред МОН .

Денес е тринаесетиот ден во кој гимназијалците ја бојкотираат наставата.

Тие остануваат на нивните барања  - враќање на стариот концепт на полагање на државна матура, Законот за екстерното тестирање да биде ставен во мирување и електронското полагање на државна матура да се укине а доколку не бидат ислушани и не им биде прифатена средба од Министерот Адеми тие најавуваат поригорозни мерки и кампување пред Влада.

Уште пред десет дена Адеми им вети средба, но до ден денес не е реализирана ниту една со што средношколците се уште поизреволтирани , а од Средношколскиот пленум, секојдневно потенцираат дека врз се вршеле притисоци од директорите на училиштата и од некои професори, да престанат со бојкотот.

(Фото:булевар.инфо)

Слично

Поврзани вести