Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопските комуналци ја добија августовската плата по една недела протест

Скопските комуналци ја добија августовската плата по една недела протест

Вработените во компаниите основани од ЈП Паркови и Зеленило, Флораком и Луна,  денеска ја земаа августовската плата, по седумдневните протести.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека утрово од 8:30 до 9:30 часот, вработените одржале протест, без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ да не бидат принудени повторно нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Вработените од Флораком и Луна една недела со поддршка од Сојузот на синдикати на Македонија протестираа блокирајќи го булеварот Илинден во Скопје.

Слично

Поврзани вести