ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ФАТИЈА ЗА „МЕТЛА“: „Не можевме да останеме глуви на повикот на Министерството за култура“

СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ФАТИЈА ЗА „МЕТЛА“: „Не можевме да останеме глуви на повикот на Министерството за култура“

Денес, во координирана акција на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, преку ЗЕЛС и во соработка со Министерството за култура, започнавме активности за расчистување и уредување на просторот околу Скопското Кале, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Како скопски градоначалници не можевме да останеме глуви на повикот од Министерството за култура, кое веќе неколку месеци бара помош и поддршка за овој простор, но не доби соодветен одговор од ЈП Паркови и Зеленило и од Градот Скопје. Одлучивме заедно да преземеме иницијатива и да покажеме дека кога институциите соработуваат, може да се постигне многу.

Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град. Тоа е симбол на историјата и идентитетот на Скопје, сведоштво за неговото минато и место кое секојдневно го посетуваат туристи, ученици и граѓани. Затоа, должност ни е да го третираме со внимание и почит.

Срамна е сликата која туристите ја гледаат – запуштен простор, неуредена вегетација, отпадоци и занемарена околина. Тоа не е лицето што сакаме Скопје да го покаже пред светот. Затоа, оваа акција е само прв чекор – ќе продолжиме со координирани напори за трајно одржување и унапредување на овој значаен објект.

Со здружени сили можеме да направиме многу за нашето културно наследство. Скопското Кале заслужува повеќе – заслужува грижа, внимание и континуирана поддршка“, објави тој.



ad
Слично

Поврзани вести