Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот плоштад се претвори во депонија со отпад наместо донации

Скопскиот плоштад се претвори во депонија со отпад наместо донации

Скопскиот плоштад се претвори во депонија додека граѓани донираат и тоа што треба и тоа што не треба за загрозените од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Денеска е последен ден на пунктот на Плоштад Македонија во центарот во Скопје, а од утре ќе биде затворен.

Волонтерот Девет Нуредини ги повика граѓаните да донираат исклучиво капути и дебели јакни, а не работи на кои местото повеќе им е во отпад.

- Има венчаници, штикли, искинати фармерки и работи за кои срам ми е да ги споменувам јавно, рече Нуредини во изјава за Телевизија 24.

Саит Саити, генералниот секретар на Црвен крст, исто така повика да се донираат само работи од кои Турција ќе има потреба.

- Да донираме нови и тоа се оние ќебиња, шатори, храна и хигиена кои имаат минимум стандарди за хуманата работа на Црвениот крст и Црвената полумесечина, порача Саити.

Слично

Поврзани вести