Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопскиот градоначалник предлага на општините да им се земе инспекцијата за дивоградби и таа да оди кај градот

Скопскиот градоначалник предлага на општините да им се земе инспекцијата за дивоградби и таа да оди кај градот

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов предлага на скопските општини да им се одземе надлежноста за инспекција на градби, и тоа да се додели на Градот Скопје. Така, според него ќе се елиминираат субјективните слабости кои можеби постојат кај определени службеници во општините за толерирање на дивоградбите.

„Општините да се занимаваат со урбанизам и со издавање на градежни дозволи, но инспекторирањето и санкционирањето на дивоградби да биде надлежност на Градот.  За жал, ние како Град Скопје немаме градежна инспекција и ниту имаме надлежност да санкционираме дивоградби како што е Матка, Мавровка, објектот спроти Американската амбасада. За жал не постои закон врз основа на кој Градот може да делува“, рече Шилегов, во интервју за ТВ Сител.

Слично

Поврзани вести